АКТУЕЛНО

Тротинетите за рентање може да се остават било каде

Електричните тротинети за рентање граѓаните можат да ги остават било каде, не мора да ги носат до пунктовите. Тоа значи дека може да се остави во парк, на тротоари, пред куќа или зграда.

Изнајмувањето на тротинети кое беше промовирано минатата недела официјално почна да функционира денес. Целиот процес го води приватната фирма, а не Град Скопје. Градот не добива никаков надоместок од остварениот приход, само на ЈП “Градски паркинг”  им се плаќа за користење на место на нивните паркиралишта како пунктови за изнајмување.

Рентањето чини 9 денари минута. Од фирмата “Бин Бин” кои го водат проектот велат дека оваа цена не е висока бидејќи тие се користат кратко време за да се стигне од едно место до друго, затоа и можат да се остават било каде.

Навечер тротинетите кој се со ГПС уреди од тимови на фирмата ќе се враќаат на пунктовите.

За овој проект набавени се 500 тротинети.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...