АКТУЕЛНО

СЕ УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ЈАДЕМЕ „ЗАМРЗНАТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК“ И СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти  Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките.

Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите рече дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат.

„Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно“, рече Бектеши.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...