ИНФО

По 10.000 денари за докторите и сестрите кои правеа очни прегледи на идните првачиња во Карпош

Општина Карпош во знак на благодарност ќе исплати по 10.000 денари на 11 здравствени работници од ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“. Станува збор за еден доктор, четири доктори специјалисти и шест медицински сестри кои беа ангажирани при извршување на офталмолошките прегледи  на дечињата на возраст од пет до шест години, кои се запишуваа во прво одделение во општинските основни училишта.

Општината поради недостаток на термини за офталмолошки прегледи во здравствениот систем, со цел да се помогне на родителите, склучи Меморандум за соработка со Јавната здравствена установа „Здравствен дом Скопје“. Со Меморандумот беа овозможени офталмолошки прегледи, без обврска претходно да се закаже термин. За краток временски период реализирани беа над 400 прегледи, притоа работејќи и надвор од пропишаното работно време.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Петок е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за...

ИНФО

159 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска...

ИНФО

Промоција на првите броеви на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии“

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер ќе бидат промовирани првите два...

ИНФО

Издадени 23 одобренија за градба, од јуни заклучно со ноември

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените...