МОЕ ЗДРАВЈЕ

ОНКОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Необични и изненадувачки симптоми на рак кои секој треба да ги знае!

Не паничете ако ги почувствувате овие симптоми, но обрнете им внимание.

Јазол или грутка во градите обично е знак дека треба да направите преглед на дојката и често може да укаже дека се развил рак. Ист е случајот со јазол во тестисите. Но, тоа не е единствениот симптом на кој треба да внимавате кога станува збор за ракот. Невообичаени симптоми како што се чувство на туѓо тело или вагинално крварење заслужуваат ист вид на претпазливост.

Затоа онколозите опишуваат малку познати симптоми кои треба да ги знаете. Нема потреба да донесувате избрзани заклучоци и да ги препишувате овие знаци на евентуален карцином, кога тоа би можело да биде нешто друго. Но, колку побрзо дознаете што ве мачи, толку побрзо вие и вашиот лекар можете да преземете соодветни мерки.

Бисерно мозолче

Ракот на кожата е најчестата форма на рак и има неколку различни видови. Најчести се сквамозен карцином, карцином на базалните клетки и нешто поретко меланом.

Д-р Марк Глашофер, дерматолог специјализиран за рак на кожата во Њу Џерси, објаснува дека карциномот на базалните клетки често има бисерен или восочен изглед. Во други случаи, тие изгледаат како рани, лушпести дамки или испакнатини слични на цисти.

,,Често луѓето доаѓаат и велат ‘Имам мозолче на образот или носот, но не ми поминува’“, вели д-р Глашофер.

Добрата вест, вели тој, е дека овие видови на рак обично бавно растат и лесно се лекуваат. Сепак, секоја грутка што опстојува шест до осум недели треба да се провери.

Чувство на туѓо тело

Досадното чувство на грутка во грлото често оди рака под рака со рефлукс на киселина, но понекогаш тоа е сигнал на телото дека е присутен тумор.

,,Може да е тоа чувство како „Дали голтнав коска од пиле? Дали влакно ми се заглави во грлото?“,  вели д-р Брус Дејвидсон, професор и шеф на хирургија – отоларинларингологија на глава и врат во Медицинскиот центар на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.

Еден пациент кој страдал од овој симптом отишол кај неколку доктори додека д-р Дејвидсон открил мал рак на задниот дел од неговиот јазик.

Д-р Дејвидсон наведува дека туморите во пределот на јазикот и крајниците се во пораст поради инфекции со хуманиот папиломавирус, кој често се добива преку орален секс. ХПВ може да лежи во телото со години пред да предизвика симптоми, додава д-р Дејвидсон, така што луѓето можеби дури и не знаат дека се изложени на ризик од рак на некој дел од главата и вратот.

Продолжено чешање

Некои форми на рак, како што е лимфомот, може да предизвикаат силно чешање кај луѓето. Лимфомите се карциноми кои влијаат на лимфниот систем (дел од вашиот имунолошки систем), и тие вклучуваат Хочкинов и не-Хочкинов. Без оглед на видот, лимфомите можат да предизвикаат чешање.

,,Чешањето е толку неспецифичен симптом што луѓето често одат од интернисти до дерматолози кои бараат помош”,  изјави д-р Крег Московиц, шеф на онкологија на Центарот за рак Силвестер на Универзитетот во Мајами.

Ако сте посетиле доктори и никој не може да открие зошто имате генерализирано чешање, побарајте помош од специјалист за да утврдите дали се работи за малигно заболување, вели д-р Московиц.

Болка во увото

Што значи кога увото постојано ве боли, но нема знаци на инфекција? Можеби воопшто не е проблем со увото. Може да е оталгија, тоа е болка која се јавува во пределот на увото, но не значи дека причината е поврзана со него. Многу состојби можат да предизвикаат ваков тип на непријатност во увото. Една од нив е и рак на усната шуплина.

„Ракот на задниот дел на јазикот или крајниците може да има прилично суптилни симптоми” објаснува д-р Дејвидсон.

Некој може да има болка во увото без други симптоми со недели или месеци пред да се открие оралниот рак, додаде тој.

„Исто така, тоа може да биде знак за подоцнежен стадиум на рак на устата кој се пробива и почнува да се меша со овие нерви”, рече д-р Дејвидсон.

Вагинално крварење

Точкасти или неправилни менструации може да бидат знак за хормонална нерамнотежа. Но, тоа може да сигнализира присуство на фиброиди на матката или рак на ендометриумот. Ракот на ендометриумот е чест тип на рак на матката и обично може да се излечи.

Д-р Стивен Рубин, началник за гинеколошка онкологија во Центарот за рак Фокс Чејс во Филаделфија, вели дека секое абнормалното крварење бара лекарска грижа, особено по менопаузата (бидејќи крварењето по менопаузата не е нормално) или пред менопаузата кај луѓе со фактори на ризик за рак на ендометриумот, како што се што е дебелината.

,,Повеќето карциноми на ендометриумот се дијагностицираат во стадиум 1 кога во голема мера се излечиви”, рече д-р Рубин.

Спуштен очен капак

Ова може да биде знак на стареење, повреда или болест (како што е мозочен удар). Исто така, може да предупреди за тумор на Панкост, кој се формира на самиот врв на белите дробови. Тоа е вид на рак на белите дробови кој започнува во горниот дел на белите дробови и се шири во блиските ткива како што се ребрата и пршлените. Овие се обично неситноклеточни карциноми.

Повеќето видови на рак на белите дробови се предизвикани од пушењето. Изложеноста на други агенси кои предизвикуваат рак, како што е азбестот, исто така може да го зголеми ризикот од развој на овој тип на рак. За разлика од другите видови на рак на белите дробови, кашлицата не е ран симптом на туморот на Панкоаст. Еден од првите знаци може да биде силна болка во рамото. Некои луѓе развиваат Хорнеров синдром (окулосимпатична пареза), што е еднострано оштетување на симпатичките нерви во пределот на очите и вклучува овенати очни капаци, згрчена зеница и намалено потење во пределот околу очите на едната страна од лицето.

„Поради локацијата на врвот или во горниот дел на белите дробови, туморот на Панкост може да го иритира нервниот корен во окото и лицето”, вели д-р Абирами Сивапирагасам, медицински онколог во Њујорк.

Лушпести дамки или брадавици испакнатини

Црвена, лушпеста дамка на кожата не мора веднаш да предизвика аларм. Ако е на дел од вашето тело изложен на сонце и не исчезнува по осум недели, немојте да претпоставувате дека е егзема, предупреди д-р Глашофер. Може да биде и сквамозен карцином.

„Овој тип на рак на кожа понекогаш има „брадавик“ или „купола“ изглед. Најчесто се појавува на главата, вратот и задниот дел од рацете. Некои луѓе имаат тенденција да го најдат на предниот дел на нивните нозе поради години и години изложување на сонце”, рече д-р Глашофер.

Сквамозниот карцином е излечив, но важно е навреме да се консултирате со лекар.

Анемија

Крвта во столицата (нé предизвикана од хемороиди) е класичен знак за рак на дебелото црево, еден од најсмртоносните форми на рак. Анемијата, која може да ве замори и вртоглавица, понекогаш може да биде првиот симптом. Имено, колоректалниот карцином може да крвари во дигестивниот тракт, но таквото крварење не може лесно да се открие.

„Тоа е обично микроскопско крварење”, вели д-р Московиц. Со текот на времето, загубата на крв може да доведе до низок број на црвени крвни зрнца, што резултира со анемија.

Рапав глас

Многу луѓе може привремено да го изгубат гласот кога ќе настинат, но засипнатоста која трае долго е друга работа и на која треба да се внимава. Ракот на гркланот ги напаѓа ткивата што ги вклучуваат вашите гласни жици.

Овој тип на рак може да предизвика болка во грлото, увото, вратот или грутката на грлото. Ракот на гркланот може да се прошири и на тироидната жлезда, душникот или хранопроводникот. Затоа, важно е да се јавите кај вашиот лекар ако имате некој од овие симптоми:

Болки во грлото или кашлица што не исчезнува, тешкотии или болка при голтање, болка во увото, грутка во вратот или грлото, промена или засипнатост на гласот.

Надуеност

Повремените болки во стомакот или надуеноста може да бидат симптом на дигестивни проблеми, што значи дека може да помине самостојно. Но, во ретки случаи, надуеноста и непријатноста во карлицата се знаци на рак на јајниците. Ракот на јајниците влијае на околу 1,1 отсто од жените во текот на нивниот живот, а ако имате семејна историја на болеста, може да бидете изложени на зголемен ризик. Ако се сомневате, контактирајте го вашиот лекар.

Грутка на вратот

Други состојби може да го предизвикаат овој симптом, како што се бактериски или вирусни инфекции, повреди или проблеми со тироидната жлезда, но понекогаш тоа може да биде и рак.

Тироидната жлезда, жлезда во облик на пеперутка сместена во вратот, е одговорна за контролирање на голем број телесни функции. Оток или грутки во тироидната жлезда може да се должи на болест на тироидната жлезда или рак. Сите грутки на вратот кај децата и возрасните треба веднаш да ги прегледа лекар. Ако најдете еден (или повеќе), имајте на ум дека повеќето грутки на грлото кај возрасните не се рак. Сепак, ризикот од рак на грлото се зголемува со возраста и кај луѓето кои пушат или пијат големи количини на алкохол.

Оток или дупчење на градите

Невообичаените промени на градите (или грутки) бараат итно внимание, без оглед на промените што ќе ги забележите, контактирајте со вашиот лекар. Во принцип, треба да внимавате на следниве знаци и симптоми:

  • Болка во градите
  • Нова грутка или задебелување во пределот на дојката или пазувите
  • Промени во големината и обликот на дојката
  • Промени на кожата во пределот на брадавицата или градите, вклучувајќи дупчиња или брчки, лупење, црвенило и оток
  • Превртена брадавица
  • Исцедок од брадавицата.

Ракот на дојката вклучува дуктален карцином, лобуларен карцином, воспалителен карцином на дојка и Пагетова болест на дојката.

Красти или исцедок од брадавиците

Ова е многу чест симптом на рак на дојка. Сепак, важно е да се знае дека исцедокот не се однесува на мајчиното млеко. Ова се други видови на исцедок од брадавиците кои можат да се појават ненадејно, да бидат крвави или само во едната дојка.

Промените на кожата кои влијаат на брадавицата и ареолата лесно може да се помешаат со егзема или дерматитис. Сепак, симптомите на Пагетовата болест може да се најдат на кожата на брадавицата и, обично, на ареолата:

  • Чешање, пецкање или црвенило во брадавицата и/или ареолатa
  • Лупење, кора или задебелена кожа на или околу брадавицата
  • Рамна брадавица
  • Исцедок од брадавицата кој може да биде жолтеникав или крвав.

Болка во коските

Секако, тоа може да биде последица на повреда, инфекција или остеопороза, но и симптом на рак на коските. Необјаснетата болка во коските, особено во ‘рбетот, карлицата и ребрата може да биде симптом на мултипен миелом. Мултиплекс миелом е рак на плазма клетките. Нормалните плазма клетки се наоѓаат во коскената срцевина и се важен дел од имунолошкиот систем, додека кај ракот има размножување на малигно променетите плазма клетки.

Болката во коските или зглобовите кај луѓе кои исто така имаат симптоми како треска, замор или губење на тежината може да биде знак за леукемија, вид на рак на крвта и коскената срцевина.

Болка после пиење алкохол

Ако пиете големи количини алкохол, нормално е да доживеете мамурлак. Но, во ретки случаи, необјаснетата болка после пиење алкохол може да укаже на Хочкинов лимфом, рак во белите крвни зрнца наречени лимфоцити.

Студијата објавена во Canadian Medical Association Journal го опиша случајот на 31-годишен маж кој доживеал силна болка моменти по 2-3 голтки алкохол. Истата реакција ја имаше три месеци, без никакви болки по голтање други течности или храна. Биопсијата на лимфните јазли го потврди Хочкиновиот лимфом.

„Вообичаено, таквите пациенти може да имаат некои отечени лимфни јазли на вратот или градите”,  рече д-р Московиц.

Се чини дека консумирањето алкохол предизвикува болка во овие јазли.

Уринарни проблеми

Дали треба често да уринирате? Или потребата за мокрење се појавува наеднаш? Уринарните симптоми се вообичаени со инфекции на уринарниот тракт, хиперактивен мочен меур или дијабетес тип 2. Сепак, тие може да се појават и со рак на мочниот меур.

Што се однесува до крвта во урината, таа може да сигнализира непријатна инфекција на уринарниот тракт која стигнала до мочниот меур. Или тоа може да биде знак за камен во бубрегот. Во некои случаи, но ретко, крвавата урина е симптом на рак на мочниот меур или бубрезите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Намалете го ризикот од болести преку диета

Сите знаеме дека храната влијае на нашето здравје и квалитетот на животот,...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Ново истражување: Откриена причината за утринска мигрена

Гласната музика, светлите екрани, силните парфеми и силните светла можат да предизвикаат...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Холанѓанец собори Гинисов рекорд како пациент кој речиси 40 години живее со донирано срце

Берт Јенсен (57) од Холандија речиси 40 години живее со донирано срце...