ИНФО

Нова опрема за средување на зелените површини во Карпош

Зеленилото во општина Карпош ќе се средува со нова опрема. Набавени се 15 тримери за косење на зеленилото, три нови трактори – косилки, четири дувалки за лисја, две телескопски пили, една пила за сечење на гранки, како и една пила за поткастрување на грмушки и жива ограда за кои Општината плати 1.800.000 денари.

Техничката опрема ќе ја користат општинските служби, кои се задолжени за одржување на јавната хигиена и зеленилото на територија на локалната самоуправа.

Од Карпош велат дека на овој начин, општинската комунална служба ја координира својата активност со екипите на „Паркови и зеленило“ од Град Скопје, со оглед на тоа што јавното претпријатие не може во целост да ги сервисира потребите на граѓаните на Карпош, бидејќи се работи за поголема територија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...