ИНФО

КАМПАЊА БИДЕТЕ ХЕРОИ НА ЧЕСНОСТА ВО ОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ: Децата имаат висока свест за корупцијата

Децата досега покажаа висока свесност за корупцијата, и во следниот период очекувам позитивни резултати, истакна претседателката на Комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска при денешната посета во ОУ „Коле Неделковски“ во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“.

„Веднаш по изорот на нашата комисија добив покана од професор по граѓанско да поразговарам со едно одделение на темава и јас бев пријатно изненадена бидејќи децата покажаа многу висока свест, се знаат и впиваат и мене ми беше мило што на темата се зборува и наставникот имаше навистина отврорен разговор со учениците“, изјави Ивановска.

Таа појасни дека целта на кампањата е да им се покаже на децата дека хероите на чесноста се всушност оние кои ги победиле лошите чувства, поточно особините како алчноста, лакомоста и неправедноста, како и дека хероите на чесноста се оние кои се издигнале себеси врз основа на сопствените можности способности знаење и капацитет.

„Ќе зборуваме што е корупција, што е интегритет, како е да се биде транспарентен како тие се чувствуваат во училиштето, ќе спроведиме кратка анкета ќе ги прашаме дали се сведоци на неправедно доделени оцени, кому да се пожалат, дали родителите на некој начин ургират, појасни Ивановска.

Светлана Масларевска, директорка на училиштето „Коле Неделковски“ изрази благодарност до ДКСК што одлучиле училиштето да биде вкучено во кампањата.

„Знаете ние во училиштето како наставен кадар работиме не само на образовниото, туку и на воспитниот план, ние сме всушност втори родители и работиме пред се на тоа да се создадат некои размислувања кај учениците дека алчноста, интегритетот,  чесноста се всушност доблест на секое дете“, изјави таа.

Во однос на најавите од МВР за покревање иницијатива која ќе има за цел зголемување на безбедноста во училиштата, директорката рече дека подготовките се започнати и дека добиле и насоки од МВР како да постапат.

Државната комисија на корупција, кампањата ја започна пред три дена. Наредниот период ќе се одржи и во ОУ „Братство“ како и во училиштетото „26 јули“, а по завршувањето на распустот, иницијативата ќе продолжи уште во неколку скопски училишта како и во училишта низ државата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

„Тегла+“ – зимница за бездомниците и за социјално загрозените семејства

Здружението „Љубезност“ оваа година ќе организира тридневен донаторски настан „Тегла +“, кој...

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...