РИТАМ НА ГРАДОТ

ДАНЕЛА НЕ ДОЈДЕ НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ГИ ПОЗДРАВИ МАТУРАНТИТЕ И ДА ИМ ПОСАКА УСПЕХ

На овогодинешната матурска парада, која што се одржа денеска напладне танцуваа квадрил и салса околу 400 матуранти под мотото Стоп за насилството.

Матурската парада 15 години по ред се одржува на плоштадот Македонија во организација на Дирекцијата за култура и уметност и во соработка со град Скопје.

Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура и уметност, Скопје

Град Скопје како еден од поддржувачите на оваа манифестација, се досега имаше поздравен говор од претходните градоначалници изминатите години, меѓутоа оваа година градоначалничката не дојде на овој настан за да ги поздрави матурантите и да им го честита матурирањето. На нејзино место дојде заменик граданачалникот Александар Трајановски со повреда на ногата и отежнато одење.

На матурската парада 2023 која се одржа на плоштадот во Скопје, паралелно со одржувањето на истата манифестација во 50тина други градови од Централна и Источна Европа, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на матурантите им посака многу среќа и успех понатаму во животот, очекувајќи како што рече, сегашните генерации да бидат предводници на нови позитивни промени и на просперитетот на државата.

Сега сите се наоѓате пред испитот на зрелоста, на крстосница на која мора да одлучите во кој правец ќе се движите. Некои од Вас ќе одлучат да го продолжат образованието и јас давам совет, освен по личните афинитети и желби, да се водите и според информациите за тоа каков кадар недостасува на пазарот на трудот. Така работодавците сами ќе ве бараат. Некои пак, директно ќе се вклучат на пазарот на трудот. И нив ги советувам, да продолжат да се надградуваат, да ја користат секоја прилика за стекнување нови знаења и вештини. Сепак, образованието не е чин, туку процес кој трае цел живот“, рече министерот.

Честитајќи им го матурирањето, рече дека верува во младите и во нивната енергија која допрва треба да ја преточат во конкретни дела во своја и во корист на државата.

„На овој убав настан сакам да испратам и една многу важна порака, за ширење на мир, љубов, толеранција и почит. Сакајте се и почитувајте се меѓу себе. Немојте никогаш да бидете насилни. Почитувајте ги различностите и на нив гледајте како можности за обединување, а не како предизвици“, истакна министерот.

Целиот настан го водеше бинго девојката Маријана Станојкоска која на крајот на звуците на салса музиката заигра заедно со матурантите.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....