ИНФО

ГЕРАСИМОВСКИ: 130 решенија од по 7 000 денари за семејствата со новороденче во Центар

130 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

На семејствата Герасимовски покрај решенијата им подели пригодни подароци од компаниите
Реплек, Хип и Веледа и бесплатни педијатриски услуги од Клиника Жан Митрев.

„Овие дечиња се наша најголема радост и причина да направиме поубаво и подобро општество. Затоа мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, изјави Герасимовски на доделување на решенијата.

За добивање на парична помош за новороденче, според Правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Со оваа активност, Општина Центар покажува грижа за најмладите жители, бидејќи децата се најголемата радост за секое семејство.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од...

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...