СЦЕНА

ВЕЧЕРВА ВО ЧИФТЕ АМАМ: Видео инсталација „Вкрстени избори“ на Тања Балаќ

Во Национална галерија на Македонија во „Чифте амам“ денеска ќе се одржи самостојно претставување на мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео.

Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со наслов „Вкрстени знаци“ (“Crossing Signs”), оформен врз основа на ликовната подлошка на сликарските дела на Тања Балаќ и на анимацијата и визуелните ефекти на Никола Дрвошанов.

Филмот е неодамна селектиран од огромниот број пристигнати дела од страна на стручното жири во рамките на 13. издание на Интернационалниот фестивал за видеоарт „Магмарт“ од Неапол, Италија. На тој начин овој седуминутен филм, заедно со уште 31 сродно дело, стана составен дел од постојаната колекција на музејот „ЦАМ“ и на „Магмарт“, меѓународен фестивал на видеоарт на кој во изминатите години учествувале повеќе од 1.400 уметници од над 80 различни земји од светот.

На отворањето на изложбата во „Чифте амам“ ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова, и универзитетскиот професор д-р Ивaн Џепаровски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...