АКТУЕЛНО

Арсовска од градската каса ќе плати 29.000 евра за 30 жардиниери

Градоначалничката Данела Арсовска, за набавка на жардиниери од два типа ќе плати речиси два милиони денари. Јавниот оглас за набавка и монтажа на жардиниери на подрачјето на град Скопје е завршен и веќе е избрана фирма која ќе го реализира проектот.

Во договорот за набавка и монтажа на жардиниери од тип 1 е наведно дека за 911.550 денари или речиси 15 илјади евра, Арсовска ќе купи 15 жардиниери, со единечна цена од 60.770 денари. Согласно истиот склучен помеѓу Градот и фирмата, набавката треба да се реализира во рок од една година.

Додека, пак, за жардиниери од тип 2, Арсовска ќе плати 849.600 денари или речиси 14 илјади евра. Единечната цена на жардиниера од тип два изнесува 56.640 денари. Исто така и оваа набавка треба да се изведе во рок од една календарска година.

Жардиниерите се изработени од поцинкуван лим, долниот дел е изработен од челични профили обложени со инокосна лајсна, а горниот дел е обликуван со ЦНЦ машина.

Заклучно горенаведеното, Арсовска ќе плати 1 761 150 денари или 29 илјади евра за 30 жардињери.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...