РИТАМ НА ГРАДОТ

Објектот каде некогаш свирела Филхармонија денес како ругло го нагрдува најстариот театар во Скопје

Веднаш до Драмски театар постои еден објект кои со децении го нагрдува просторот. Вистинско ругло претставува зградата која што е буквално залепена до театарот.

 

На времето овој објект го користела Македонска Филхармонија и тука ги одржувала пробите, се додека не се преселиле во објектот на сегашен „Театар Комедија“.

Директорот на Драмски театар, Маја Вељковиќ Пановска, за екипата на 091инфо.мк изјави дека објектот е во сопственост на Драмски театар и дека таму своевремено одржувале проби за претставите и просториите ги користеле како магацински простор.

„Објектот веќе не се користи со години и не се сеќавам точно од кога не се користи, затоа што откако сум јас во овој театар, од 1999 година не е во функција“, изјави Пановска.

Тина Иванова, актуелен директор на Филхармонија, потврди дека пред педесетина години вистина во овој објект Филхармонија одржувала проби и оттогаш започнува нивното патувачко патешествие. Се селеле многу пати за да пред неколку години конечено се вдомат.

Од одделението за урбанизам во општина Карпош добивме информација дека Деталниот урбанистички план за овој дел од градот е во мирување затоа што дел од измените се пред Уставен суд.

Објектот на Драмски во Карпош 2 е отворен 1965 година со премиeра на драматизацијата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески „Она што беше небо“, од Милан Ќурќчинов и Илија Зафировски. Оттогаш па наваму се преземени многу малку реконструктивни зафати на овој културен дом кој е најстар театар на територија на град Скопје и државата треба да размисли за негово обновување и евентуално проширување со објектот до него.

Од друга страна, превирањата меѓу Филхармонија и Националниот џез оркестар се уште го остава отворено прашањето за недостиг од простор за новоформираната културна институција, а можно решение за овој проблем можеби се крие во некои од овие запуштени објекти во кои Владата треба да инвестира и да ги оспособи за да вршат некаква функција.

Како и да е ова градско ругло најверојатно не било приоритет за решавање на ниту еден градоначалник на општина Карпош изминативе триесетина години. Продолжува да го грди овој урбан дел од градот кој што треба да е културно свртилиште на скопјани.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности Скопје

Вечерва од 19.00 часот во „Сули ан“ Скопје ќе се отвори изложба со...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Candlelight“ – концерт под свеќи на Профундус и виолинист Марио Хосен во Филхармонијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на која вечер во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Улични живи статуи и музика во понеделник во центарот на Скопје

Идниот понеделник, 15 април со почеток од 18:30ч. на улица Македонија во центарот...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Илјадници свеќи на сцената на Филхармонија овој петок за премиерното издание на „Candlelight“ – концертот под свеќи

Овој петок илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на...