РИТАМ НА ГРАДОТ

15 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ „МАТУРСКА ПАРАДА“ ВО СКОПЈЕ НА КОЈА ЌЕ ИГРААТ 400 МАТУРАНТИ

Oвогодинешната „Матурска парада“, ќе се одржи на 19.05.2023 година, точно напладне, во 12:00 часот, во Скопје на Плоштадот „Македонија“.

Оваа година учество на „Матурската парада“ ќе земат 6 земји: Словенија, Србија, Словачка, Македонија, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови.

Од Република Македонија ќе учествуваат матурантите од Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга.

Вкупната бројка на обучени матиранти во Скопје е 400 а во останатите градови во Република Македонија вкупно околу 1.500 матуранти.

Од Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта: Васил Антевски – Дрен, Владо Тасевски, Михајло Пупин, Раде Јовчевски – Корчагин, Здравко Цветковски, Димитар Влахов, Арсени Јовков, Браќа Миладиновци, Кочо Рацин, Шаип Јусуф, Гепрги Димитров, Панче Караѓозов, Јосип Броз Тито, МБУЦ Илија Николовски – Луј.

Организатор на оваа манифестација е Дирекција за култура и уметност на Скопје во соработка со Танцов спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје. Како поддржувач се јавува Делагација на Европската Унија во Република Македонија, а како медиумски покровител е Урбан ФМ Радио.

Во изминатите четиринаесет години учествувале матуранти од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија и вкупната бројка на учесници надминува 450.000 матуранти.

Покрај ова, во последните години составен дел на подготовките и на самата завршна манифестација е кажувањето на изјавата – “заклетва” за ненасилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува “Матурската парада”. На тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, тие, генерациите кои ќе го градат светот во иднина, во исто време од различни делови на светот ја испраќаат пораката за ненасилство, мир и толеранција.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....