ИНФО

СО ПОСТАВУВАЊЕ ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ЛЕГНАТИ ПОЛИЦИАЈЦИ СЕ ЗГОЛЕМУВА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На барање на граѓаните од Горно Лисиче, Општина Аеродром започна активности со кои трајно се решава едно важно сообраќајно прашање, а со кое пред се ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот на граѓаните во овој дел од општината.

Пред основното училиште „Гоце Делчев“ од денеска активно се работи на поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, легнати полицајци, а се воспоставува и т.н. зона на мирен сообраќај каде брзината на движење се ограничува на 30 км/час. Дополнително, околу училиштето се поставува и заштитна ограда со што дополнително се решава проблемот за безбедноста на дечињата.

-Подигнување на безбедноста во сообраќајот, значи и грижа за дечињата и придонес за побезбедна и посигурна општина, а инвестициите во сообраќајни и инфраструктурни решенија се одговор на сериозни локални предизвици со кои подолг временски период се соочуваат жителите на Аеродром, велат од општината.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...