АКТУЕЛНО

СКАНДАЛОЗНО: Контролорите на ЈСП казнуваат матуранти по враќање од матурска прослава

„Да се засрамите! Ако дојдовте до 1,000 денари казна, а на толку нерешени проблеми, треба да се само-затворите! Или во најмала рака конечно да сфатите дека вие постоите да нудите транспортни услуги на граѓаните. Тоа ви е примарна цел“, вака го почнува Фејсбук статусот една револтирана скопјанка заради неосновано казнување на матурант кои утринава се возел во автобус на ЈСП-Скопје.

Како што пишува подолу матурантот не ја носел во себе картичката која што му овозможува слободен превоз како ученик во град Скопје.

„Утринава по целовечерно славење, матурант се качил во автобус во 08.00 часот за да се врати дома, не сакал да ги малтретира родителите. Превозот е бесплатен за учениците, нели? Е сега, не ја земал картичката, пошто отишол на славање нели, не сакал да ја изгуби, а и не мислел дека ќе се чувствува толку уморен за да испешачи до дома. Контролорите, откако им кажал дека се враќа од матура, му побарале лична карта, му пишале казна од 1,000 МКД и му ја врачиле со зборовите „Еве ти  ‘поклон’ и од нас“. Која е оваа аронгација, па и изживување? И за жал не е првпат, ниту пак ќе биде последен пат! Сум била сведок на многу вакви случки, и не молчам пред нивните закани, па и други реагирале со мене. Кај биле останатите патници од автобусот или се оттуѓивме до толку, да не застанаме во одбрана на младич, или кој и да се најде во некоја слична ситуација!“

Граѓаните особен револт имаат кон контролорите кои без морал и бескрупулозно ги казнуваат сите што немаат билет.

„Но, поентата на објавата е ЈСП!!! ЈСП, замислете кого ставате како контролори. Не е секој човек погоден да пишува казни, или да комуницира со луѓе. Направете обука на сите контролори, да знаат како да се однесуваат. Граѓаните се секогаш на прво место! За 1 000 денари, ставивте сенка на една од прекрасните пресвртници на еден младич кој впрочем има право и бесплатно да се вози! Засрамете се!“

Понатаму, во фб статусот се вели дека личните податоци се намерно покриени за да не бидат предет на злоупотреба.

„Извинете на малку несреденото покривање на личните податоци, но не сакав да тие да бидат предмет на злоупотреба!“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...