АКТУЕЛНО

Почна пријавувањето за трката „Вози право, вози здраво“

Почнува пријавувањето за тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје, кој годинава ќе се одржи на 28 мај. На денот на трката скопските улици во центарот на градот ќе бидат ослободени од автомобили и целосно отворени за сите рекреативци на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, бебешки колички и други еколошки превозни средства на тркала.

„Сите што сакаат да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк најдоцна до 27 мај, со што ќе добијат стартен број, маичка и можност да освојат вредни награди во лотаријата. Подигнувањето на стартните пакети почнува од 22 мај понеделник и ќе трае непрекинато до 27 мај сабота, односно стартните бројчиња ќе може да се подигнуваат и на неработниот ден 24 Мај. Подигнувањето на бројчињата ќе се одвива пред просториите на Стопанска лизинг, на улица Македонија бр.16, до спомен-куќата на Мајка Тереза, секој ден од 10 до 18 часот“, велат организаторите.

Стартот на седмото ревијално возење е од Порта Македонија во 17 часот, од каде учесниците се упатуваат до Градскиот парк каде ќе ги чека освежување обезбедено од организаторот, како и голема забава со музика, вредни награди и бројни изненадувања. Секој учесник кој има стартно бројче учествува во лотарија во која за седмото издание на „Вози право, вози здраво“ ќе се доделат 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки. Дополнително, во текот на настанот ќе се поделат и утешни награди, како маици, ТОПСИ торби и шишиња за на велосипед.

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...

АКТУЕЛНО

Се разубавува дворот на училиштето „Никола Карев“ во Карпош

Во средното училиште “Никола Карев“ во општина Карпош, во рамките на проектот,...