АКТУЕЛНО

ПЕШАЦИТЕ ОНЕВОЗМОЖЕНИ ДА ГИ КОРИСТАТ ТРОТОАРИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ

Без казнени механизми оваа ситуација продолжува до недоглед и проблемот станува системски

Групата скопски велосипедисти „На точак“ бараат екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ под итно да ги исечат гранките на дрвјата кои натежнале од лисјата над велосипедските и пешачки патеки кои им пречат на велосипедистите и пешаците.

– Во сегашната ситуација од избегнување на ниски гранки, сите учесници во сообраќајот се под ризик да се повредат себеси и останатите околу нив – нагласуваат од „На точак“ и додаваат дека како што екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ се грижат за зеленилото во тревниците и за гранките над градскиот паркинг, така треба да се грижат и за гранките над велосипедските и пешачките патеки.

Меѓутоа дополнителен проблем прават и надвиснатите гранки и обраснатите грмушки или огради на приватни парцели кои никој не ги одржува. Обично се работи за напуштени објекти за индивидуално домување каде никој не живее и логично нема никој за да го одржува зеленилото по дворовите.

улица Козле

Побаравме одговор од одговорните од општина Карпош, откако нашиот фотограф сними ваква ситуација на терен. Отааму ни изјавија дека вообичаено во вакви случаи се опоменува сопственикот со тоа што му се праќа писмо. Но, ако не се во можност да го најдат сопственикот тогаш екипа на општината излегува на терен по пријава на граѓани за да ја реши ситуацијата.

Пешакот е навистина оневозможен да го користи тротоарот за да може да се движи слободно. Ај што не може да помине од непрописно паркираните возила долж тротоарите уште гранките и зеленилото фалеа за да тротоарот скоро и да не се користи од пешаците и тие секојдневно се приморани да го изложуваат својот живот на опасност користејќи ја улицата каде фрчат возила за да може да се движи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...