АКТУЕЛНО

Студентските домови ќе почнат да се реновираат летово

Етапната реконструкција на сите девет државни студентски домови ќе започне во втората половина на годинава.

Во првата фаза која ќе се заокружи за 18 месеци од почетокот на градежните работи, целосно ќе се реконструираат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“.

Како што објави Министерството за образование, економските оператори кои се одбрани во постапката за претквалификација, а согласно правилата на KFW развојната банка која заедно со Европската унија е финансиер на овој капитален проект, веќе доставуваат финансиски понуди и по избор на најекономичната ќе се склучи договор за изведба на работите.

– Владата на Република Северна Македонија, односно Министерството за образование и наука склучи договор за обезбедување на средства во износ од 25 милиони евра за реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. 20 милиони се заем од KFW развојната банка, додека пет милиони евра се грант преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP+) на Европската Унија. Реконструкцијата која подразбира замена на сите позиции во домовите – електрични и водоводни инсталации, фасади, топлотни системи, врати, прозорци, молерисување, опремување и така натаму, ќе се одвива во три фази, потсетуваат во денешното соопштение од МОН.

Во втората фаза, како што велат од Министерството, е предвидена реконструкција на студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“, „Никола Карев“-Охрид, „Браќа Миладиновци„-Штип, „Народен херој Орде Чопела“-Прилеп, кои е предвидено да бидат NZEB (Near zero energy building), а во третата фаза реконструкција на мензата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на студентските домови „Кочо Рацин„ – Битола и „Пелагонија“. Почетокот на градежните работи е предвиден во првата половина на 2024 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...