Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на главниот град изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за непочитување на првенство на минување.
Исто така, изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
Leave a comment