КУЛТУРА

ДЕНЕС БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, Министерството за култура најави бесплатен влез во сите музеи низ земјава.

„Ве покануваме да тргнете на волшебно патување низ македонското богато културно наследство и за момент да ги доживеете приказните од нашето минато“, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на својот фејсбук профил.

На територија на град Скопје постојат 13 музеи со постојани музејски поставки но и со тематски изложби кои навистина предизвикуваат огромен интерес.

„Духовите на Африка“ е најпосетена изложба во Музејот на Македонија, а е поставена во 2018 година како резултат на соработката со Музејот на африканска уметност во Белград. Во тој период се одржале повеќе предавања, проекции на документарни и играни филмови, работилници со деца и студенти. Изложбата ја посетиле над 5000 посетители.

Во 2020 година исто така е отворена нова изложба „Африка во Македонија“, која Икомос ја награди како една од најуспешните реализирани изложби.

Денес се одбележува 70 години од Историски музеј на Македонија со поставување изложба „70 години Историски музеј на Македонија“ . Изложбата ќе биде отворена денес во 13:30 часот.

Од Музеј на град Скопје, добивме информација дека постојаната археолошка музејска поставка е најпосетена и покрај тоа што е веќе над 20 години во постојана поставка.

„Скопје 26 јули 1963“ е најпосетена изложба досега, а е поставена во 2013 година по повод 50 години од скопскиот земјотрес. Досега истата е посетена од многу групи на туристи, ученици, студенти“, изјави Маргарита Плевнеш од Музеј на град Скопје.

Од Археолошки музеј добивме информација дека  меѓународниот проект ,,100 години Требениште” е најуспешна изложба досега реализирана во музејот.  Изложбата е добитник на наградата Музејски проект за 2019 г. на објавениот конкурс од МНК ИКОМ за Годишната награда 18 мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 г.

„Ексклузивната изложба ,,100 години Требениште” несомнено ја одбележа 2019 г., со посетеност од над 12.000 посетители. Интересот за оваа изложба и понатаму е голем, а за тоа говори и бројката на виртуелни посетители која секојдневно расте“, изјави Лидија Илковска од Археолошки музеј на Македонија.

Според министерката, Меѓународниот ден на музеите не потсетува на непроценливата улога што ја играат музеите во зачувувањето на нашиот културен идентитет и негувањето чувство на единство.

Историјата на нашата земја е богата да наполни сто музеи и да предизвика интерес во светски рамки за тоа кој сме, од каде сме и каква култура имаме!

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...