Градоначалничката Данела Арсовска вели дека професорите од Градежен факултет даваат паушални изјави и се самонаречени експерти. Таа смета дека нивните изјави за состојбата на мостот „Беласица“ и дека тој ќе биде затворен најмалку една година, не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.
„Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување. Во моментот мостот е затворен како превентива, се додека не добиеме уверување од релевантните институции дека е безбеден или дека треба да се интервенира. Несериозно е од декани, неименувани експерти како и неименувани „извори“ да се предизвикува паника кај граѓаните“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Од Градот велат дека мостот „Беласица“ во овој момент се вештачи, а во наредните неколку денови ќе се донесе и одлука за тоа дали ќе се врати во употреба веднаш, или пак ќе има било каква интервенција пред да се стави во употреба. Кој го врши вештачењето не кажуваат.
Арсовска откако се запали мостот се нема појавено во јавност, ги избегнува новинарите и не одговара на прашања.
Leave a comment