ИНФО

Утре бесплатен влез во Музејот на македонската борба

Влезот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност утре ќе биде бесплатен во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај. Музејот ги поканува сите заинтересирани да ја посетат постојаната поставка во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Оваа година, Меѓународниот совет на музеите ИКОМ го одбележува денот на музеите 18 мај со темата „Музеи, одржливост и благосостојба“.

Музеите имаат свој придонес во општеството за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје, стои во соопштението од НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес бесплатно паркирање на паркинзите на ПОЦ и на зонските на ЈП „Градски паркинг“

Паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д, со кои стопанисува ЈП...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер,...

ИНФО

По 55 години, реконструирана улица „20” во Припор

– Пуштена е во употреба новата реконструирана улица „20” во населбата Припор....

ИНФО

Оваа недела искачување на Крстовар на Водно и работилница за млади

Младинската секција на планинарскиот клуб „Убава“ заедно со Младинска комисија при Федерацијата...