РИТАМ НА ГРАДОТ

Во петок и сабота „Статуафест“ на улица Македонија

На 19 и 20 мај со почеток во 18.30 часот, на улица Македонија, во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест”, под мотото „Голема брзина на стоењето”. Секоја година, фестивалот се инспирира од најразлични настани од секојдневието, па така и оваа организаторите го избраа брзањето затоа што тие сметаат дека живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас, сметаат тие.

„Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест” е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер” за речиси секој еден од нас. Сакаме суштински да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест” и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме“?, објаснуваат организаторите.

Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје?

Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од продукцијата Театроск, која всушност и го организира фестивалот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Винарска визба Тиквеш.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...