МОЕ ЗДРАВЈЕ

По настинка или грип задолжително сменете ја четката за заби

Бактериите можат да живеат на четка за заби и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е да се смени четката, просто поради можноста од нова зараза.

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот – сè со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби.

Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка.

Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза.

Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Борбата против стресот почнува од исхраната: Намирници кои треба да ги вклучите во вашите оброци

Иако постојат многу совети како да си помогнеме себеси да се избориме...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

3 видови на анксиозност и како да се справите со нив

Анксиозноста е најчестото ментално нарушување. Секој од нас доживеал анксиозност во одреден...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Кој треба да избегнува чај од камилица

Одредени студии укажуваат на ризик од спонтан абортус или предвремено породување доколку...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...