АКТУЕЛНО

Опожарениот мост „Беласица“ уште долго ќе биде затворен, Арсовска нигде ја нема

Мостот „Беласица“ кој во четвртокот околу полноќ се запали, уште долго време ќе биде затворен, а градоначалничката Данела Арсовска нигде ја нема да каже каква е состојбата и што ќе се преземе. Ниту од Град Скопје има официјално соопштение или информација за јавноста околу мостот.

Професори од Градежниот факултет велат дека преминот ќе биде затворен уште најмалку една година оти горел на висока температура од 1.000 степени целзусови и сега треба да се утврди какви се оштетувањата, па потоа да се реконструира. И самата постапка за реконструкција трае најмалку пола година, а пред тоа треба да се спроведат постапките за проектирање и избор на фирма изведувач.

Мостото е затворен шести ден и во сообраќајот во овој дел од градот владее хаос. Гужви и колони возила има од Бит Пазар па до крстосницата кај Народна банка. Алтернативниот начин за пристап до железничката станица. Кисела Вода и Аеродром сега е затворен, па единствена рута за движење е преку булеварите Крсте Петков Мисирков и Кузман Јосифовски-Питу односно преку „Мавровка“ покрај МАНУ и Народна банка кон железничка станица.

Мостот „Беласица“ беше пуштен во употреба во 2005 година. Почна да го гради ексградоначалникот Ристо Пенов, но беше готов неколку месеци откако градоначалничката функција од него ја презеде Трифун Костовки и тој го отвори во Денот на независноста, 8 Септември. Чинеше 3 милиони евра и беше изграден за да се намалат гужвите во овој дел и да се овозможи уште еден пристап кон Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...