ИНФО

ЛИГА ЦЕНТАР 2023: Награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година. На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсовски, селекторот на млада фудбалска репрезентација до 17 години и поранешен фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, претставник од Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Ѓорѓи Чековски, поранешен репрезентативец и актуелен тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација и Едина Муса, кошаркарка и советничка во Општина Центар.

Општината ги награди најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи на натпреварите во Лига Центар 2023 со пехари, медали, дипломи и парични награди, Фудбалската федерација на Северна Македонија донираше спортска опрема за наставниците по спорт во сите основни училишта во Општина Центар, а беа доделени и спортски реквизити од Федерациите и Агенцијата за млади и спорт.

Спортските игри Центар 2023 традиционално се организираат и се реализираат под покровителство на Општина Центар. Учениците се натпреваруваат во лига-систем по Бергеров модел во повеќе дисципини, односно кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, крос, пинг-понг и во други спортски активности. Општината ги наградува наставниците со 5.000 денари, а за освоено прво, второ и трето место по спортска дисциплина се добиваат парични надоместоци од 10.000, 8.000 и 6.000 денари, додека најдобрите играчи и стрелци на натпреварите се стипендираат со 3.000 денари во период од осум месеци.

Општината дава поддршка за развој на спортот и негова промоција во разни спортски дисциплини. Покрај спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...