ИНФО

Дигитален саем за уписи во средните стручни училишта

Во сите основни училишта во петок со почеток во 11 часот во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, за деветтооделенците ќе се одржи дигитален саем за уписи во стручно образование. Саемот е алатка за промоција на стручното образование и поддршка на компаниите и стручните училишта во напорот да го привлечат вниманието на младите за запишување во средно стручно образование.

Целта на саемот е да ги информира деветооделениците и нивните родители за различните видови на квалификации и занимања кои се нудат, како и за можностите што ги нудат средните стручни училишта и компаниите во земјава вклучени во образовниот процес. За разлика од 2019 година, бројката на запишани деца во средно стручно образование е 5 отсто зголемена. Таргет на Комората е бројката на деца запишани во средно стручно образование да биде сè поголема.

Директорот на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари, изјави дека, „најголем интерес има за струките здравство и социјална заштита, потоа за економија, право и трговија и на трето место е за електротехника. Најмал интерес има струката геологија, рударство и металургија, потоа за графичката струка и за шумарство и доработка на дрво“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

Нови клупи, зимзелени дрва и лед осветлување во паркот во Радишани

Oпштина Бутел изврши реконструкција на паркот во ТЦ Радишани. „По 25 години...