МАГАЗИН

Винаријата Камник највисоко рангирана во Југоисточна Европа

Винарија Камник е првата винарија од Македонија што е официјално профилирана на глобално најголемата винска апликација Вивино. Поканата од Вивино за професионална презентација на винаријата доаѓа врз основа на постигнатиот рејтинг на вината Камник, како највисоко оценети од потрошувачите во целиот Југоисточен регион. Според бодирањата од оние што ги пиеле вината на Камник добиена е просечна оцена од 4,37 од 5 а поединечна највисока оцена 4,7, што е најголем и најдобар постигнат рејтинг. Во оценувањето вклучени се сите вина од Винарија Камник што се достапни на пазарот и во ХоРеКа сегментот.

Мерењата на вкусот, квалитетот и преференциите на вината од Винарија Камник се направени преку Вивино, најголем онлајн вински маркет. Вивино е широко распространета апликација што се користи од голема и разновидна публика љубители на вино, од почетници па се до познавачи и вински експерти.  Кредибилитетот и автентичноста на Вивино потекнува од базата што ја содржи и понудата што ја создаваат самите корисници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...