РИТАМ НА ГРАДОТ

„БОНИ И АНИ“ ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА

Утринава осамна фотографија во фб групата Стари Скопјани дека „Бони и Ани“ замина во историјата. Објектот е целосно срушен а на негово место најверојатно ќе изникне повеќекатница.

На улица „Борка Талески“, спроти Грчка амбасада имаше редица за која се чекаше партнерка за да влезеш.

-Бони и Ани, Таверна, играње, но најдоцна до 9 часот дома, се сеќава една скопјанка на минатото.

-Едвај се чекаше “сентиш” избираш каниш, или те избираат за танго. Танцуваш, се загушуваат светлата или гасат, добиваш охрабрување и слушаш “додворување” па од страна некој: ако е темно не значи дека не се слуша. Не е убавината само дека сме биле млади,туку едноставноста, искреноста па и еднаквоста меѓу себe, со носталгија се сеќава друга скопјанка.

-Игранки, матинеа со банатско и „Даме бирају“. Незаборавно, споделува друга скопјанка сеќавајќи се на времињата кога скопјани се забавуваат на еден убав начин.

Петре Шилегов, претходниот градоначалник на град Скопје, своевремено изјави: „Пред Бони и Ани… не мислам дека опозицијата може да собере поише луѓе во моментов колку што имаше навечер тогаш дечки и млади што стоеја пред Бони и Ани“, што укажува на фактот дека навистина Бони и Ани бил вистинско ноќно сврталиште на младите скопјани.

Како што ни кажаа од општина Центар, се работи за приватна парцела на чие место според Детален Урбанистички план за Буњаковец предвидено е да се гради зграда.

Скопјани со носталгија се сеќаваат на првите игранки во ова кафуле кое беше културен симбол на градот и ноќниот живот.

Многу нешта неповратно исчезнаа од градот со душа, а полека го снемува и градот каков што го паметат минатите генерации. На негово место доаѓаат нови споменици, други симболи, една поинаква историја за која веројатно никој не знае.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова

Вечерва со почеток од 20 часот во Киноверзум – Дом на култура...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

Ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар и еден од ретките боеми кај...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„ВИДИК“ — нов фестивал во организација на Литература

Утре во Кафе Книжарницата „Литература“, заочнува новиот фестивал „ВИДИК“  организација на Literatura.mk....