МАГАЗИН

ЧЕСТО КОРИСТИТЕ СУВ ШАМПОН? Експертите одговараат дали е штетен за косата

Иако ќе ве спаси кога немате време да ја измиете косата, пречестото користење може да има негативни последици.

Кога на вашата коса и треба брзо освежување, а немате време да ја измиете, доволно е да нанесете само малку сув шампон и вие сте подготвени. Секој што го користел знае дека сувиот шампон навистина делува, но многумина се загрижени за тоа колку често е безбедно да се користат такви производи. Една нова студија откри нешто интересно: иако делува на моментално освежување на косата, ако се користи премногу често може да има негативен ефект врз скалпот.

Како функционира сувиот шампон?

Ќе ги апсорбира сите нечистотии и маснотии од скалпот помеѓу две миења. Себум се произведува од фоликулот на косата за да го направи скалпот помек, објаснува фризерот Пол Рус. Иако на косата и е потребна за да изгледа здраво, оваа масна материја влијае и на масниот изглед на косата, па токму затоа користиме шампони за суво миење.„Активните состојки во него ќе ја впијат целата пот од косата, и ќе изгледа како свежо измиена“, додава тој. Сувите шампони често содржат пудра и алкохол, кои ја апсорбираат влагата од косата.

Како тоа ќе влијае на косата и скалпот?

И покрај веднаш видливите придобивки од сувиот шампон, тој понекогаш може да предизвика несакано оштетување на косата ако има неколку слоеви сув шампон на скалпот. Некои препарати може да содржат силни состојки кои ќе ги отстранат сите здрави масла кои му се потребни на скалпот за да биде здрав.

Губење на косата

Сувиот шампон може да се акумулира на скалпот доколку не ја миете редовно косата и на тој начин да ја спречите апсорпцијата на хранливите материи во коренот на косата, а стилистот открива дека прекумерната употреба на производот може да резултира со воспалителни процеси на скалпот и запушување на фоликулите. Со текот на времето, тоа може да го ослаби коренот на косата, па може да се истенчи или да почне да паѓа.

Првут на скалпот

Најчестиот проблем со кој се соочуваат оние кои користат сув шампон е првутот. Често се создава поради лошата рамнотежа на маснотиите на скалпот, што ќе предизвика акумулација на клетките на кожата и ќе ги гледаме како првут. За да го спречите тоа, важно е скалпот да е чист и да не се отстранува целото масло од него, што ќе биде тешко ако најмногу се потпирате на сувиот шампон.

Колку често да се користи сув шампон?

За да не претерате, советот е да не го користите повеќе од два пати помеѓу миењето , и да го користите само за кратко освежување на косата, а не наместо миење.
Но, ако ви е многу неопходен, Рус советува да користите производи со безбедни формули и да избегнувате силни состојки во него, како што е алкохолот.

Што можете да користите наместо сув шампон?

Најдобрата алтернатива е редовното миење на косата. „Вашиот скалп е почетна точка на здрава коса, а кога е чиста и давате можност да расте здрава и убава коса“, вели Анабел Кингсли, експерт за коса. Тој додава дека сувиот шампон нема да ја отстрани нечистотијата и вишокот маснотии од косата, само привремено ќе ја „маскира“ состојбата, а косата и скалпот ќе ви останат нечисти.
Ако сте загрижени дека честото миење на косата може да го оштети и вашиот скалп, таа вели дека не треба да се грижите. „Мртвата кожа, нечистотиите и потта можат да придонесат за промени како тенката и сува коса“, заклучи таа.

Како се користи сувиот шампон?

На повеќето суви шампони пишува, истиот да се оддалечи од косата околу 10 сантиметри за да навлезе во косата во форма на фина пудра, а не течност. Правилниот начин на употреба е да го нанесете на саканото место и да го оставите да делува две минути (впива маснотии). Фризерот Патрик Вилсон, се согласува дека оптималното растојание за држење на спрејот е околу 10 см од главата. „Ако го држите поблиску, може да стане преконцентрирана пудра која воопшто нема да изгледа добро на главата“, рече тој.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...