КУЛТУРА

ПРОМОЦИЈА НА „ДНЕВНИКОТ НА ДЕМОН ЏОНС“ ОД МАША ТОДЕВСКА

Антолог Книжевен центар со радост ви најавува промоција на романот „Дневникот на Демон Џонс“ од Маша Тодевска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ утревечер со почеток од 19. часот.
Меѓу пукнатините на реалноста и имагинацијата, Демон Џонс со сигурност знае само дека е маѓепсник. Неговата моќ да создава магиско оружје ја крие со години, но откако се запознава со други маѓепсници, неговата тајна е откриена. Сега тој е прогонуван заедно со другите маѓепсници од групата убијци наречени Витези, кои сакаат да ги истребат сите кои се поврзани со магијата, но и од човекот со сини очи кој еден ден се појавува во неговиот дом и се обидува да го убие. Демон ги спасува оние маѓепсници кои не знаат за Витезите, но внатре во себе крие ужасни тајни од своето минато, кои го спречуваат да продолжи да помага. Тајни кои се причина за неговото чудно однесување и постојано молчење. Тајни кои го имаат привлечено ѓаволот од неговите кошмари. Тајни на кои ни самиот не се сеќава.
Навечер, кога ноќта ќе го скрие од сите други, тој започнува да пишува дневник. Дневникот на Демон Џонс.
Маша Тодевска е родена на 12.11.2005 година во Скопје. Основното училиште го завршува во „Јохан Хајних Песталоци“ во 2020 година во Скопје и таа година се запишува во СУГС „Георги Димитров“, јазично-уметничка насока.
Била учесник на повеќе курсеви и фестивали од областа на литературата како: Струшките вечери на поезијата – „Ноќ без интерпункција“ во 2022 година, „Short Story Writing Course“ во организација од Course Cloud од Лондон во 2022 година, „Creative Writing Workshop“ водена од д-р Александра Димитрова во 2021 година, фестивал „Нови Простори“ во Скопје во 2022 и 2021 година и фестивал „Giffoni“ Macedonia во Скопје 2019 година.
Активно зборува англиски јазик и германски јазик.
Промотор на романот ќе биде Јордан Коцевски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Годишна изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје вечерва ќе се отвори Годишната изложба на...

КУЛТУРА

Промоција на краткиот анимиран филм „Лисичката плетачка“

Утре во Музеј на град Скопје во 18:30 часот, ќе се одржи...

КУЛТУРА

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата...

КУЛТУРА

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили

Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на...