МАГАЗИН

Познатиот ѓердан „Лебедово езеро“ на Лејди Ди на аукција

Ѓердан и обетки од бисер што и припаѓале на покојната британска принцеза Дијана и коишто таа ги носела на еден од нејзините последни јавни појавувања, комплетот познат како „Лебедово езеро“ ќе биде понуден на наддавање во хотелот „Пјер“ во Њујорк на 27 јуни. Дијамантите вкупно имаат вредност од над 50 карати.

Имено, Лејди Ди во јуни 1997 година присуствувала на изведба на „Лебедово езеро“ на Британскиот национален балет во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Ѓерданот содржи платина, седум бисери од Тихиот Океан и 178 дијаманти. Нејзините фотографии од таа вечер го обиколија светот.

Накитот е дело на златарницата „Гарард“ во Лондон, а во дизајнот учествувала и Дијана. По балетот, таа го вратила, за во „Гарард“ да може да и направат и пар соодветни обетки. Но, во меѓувреме, таа погина во Париз.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...