АКТУЕЛНО

Паркирањето во Клинички ќе се реши со јавно приватно партнерство

Кои ќе го работи најголемиот паркинг во главниот град кој е во рамките на Клиничкиот центар се уште не се знае. Во последниот одговор на Министерството за здравство, за тоа кога ќе се распише постапка за нов концесионер или дали се во план други начини за паркирањето во државна, се вели дека „Во однос на решавањето на проблемот со паркингот на комплексот Клиники, идејното решение е во процес на реализирање, а паралелно се развиваат консултации со групи од интерес“. Но, сосема е извесно дека во иднина ЈП Градски Паркинг нема да стопанисува со ова паркиралиште.

Според неофицијални информации Министерството за здравство односно Клиничкиот центар ќе склучи договор за јавно приватно партнерство со приватна фирма, како што беше и предходно, пред со него да стопанисува јавното претпријатие.

Планирано е ова паркиралиште да се воведе и паркирање на нивоа за конечно да се стави крај на хаосот во најголемата здравствена институција во државава.

Дневно во Клиничниот центар влегуваат и излегуваат околу 4000 возила, а паркингот располага со околку 800 паркинг места. Еден час паркирање во Клинички чини 25 денари.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...

АКТУЕЛНО

Општина Бутел ќе биде покровител на документарецот за еден од најголемите олимписки спортисти Шабан Трстена

На предлог на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, а со едногласна...

АКТУЕЛНО

5 нови патеки на Скопска Црна Гора спремни за различен тип на луѓе и скроени за различни годишни времиња

Општина Гази Баба известува дека е реализиран проект со кој се создавани...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: 62 решенија по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење...