Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов на фестивалот „Новосадски театарски игри” се закити со две награди. Жирито едногласно донесе одлука на претставата да и додели Гран при, а наградата за најдобра анимација на кукли ја доби актерката Матеа Јанковска која ја има улогата на Роња во истоимената претстава, соопшти денеска Театарот за деца и младинци.
Во образложението на жирито за доделување на Гран при-то меѓу другото пишува дека претставата „Роња, ќерка на ограбувачот“ е „исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава”.
Приказната во „Роња, ќерката на ограбувачот“ зборува за мостовите во животот. Драматург е Горјан Милошевски, а во претставата, освен Јанковска, играат и Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.
Од денеска пак па во следните два дена, претставата ќе учествува на фестивалот 25.Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“, српскиот град во Крагуевац.
Leave a comment