ИНФО

Европско првенство во кајак на Матка

Од утре до сабота на патеката „Матка“ крај Скопје ќе се одржи Европското првенство во кајак за сениори за кое пријавени се натпреварувачи од 18 држави.

„За нас како институција и пред се држава е од големо значење да покажеме зрелост и способност за успешна организација на едно Европско првенство. Кајакарската федерацијата е активно посветена во овие случувања на меѓународната сцена и е вистински промотор на овој спорт кај нас“, посочи директорот на АМС, Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција.

Тој упати апел до љубителите на овој спорт да ги проследат натпреварите на патеката „Матка“ крај Скопје.

„Од година во година кајак натпреварите во нашата држава е се подобра, а ова го препознава Светската и Европската кајак федерација, па се надеваме дека во иднина ќе добиеме и организација на некое Светско првенство“, истакна Дрилон Леши.

Свеченото отворање е закажано за вечер во МКЦ со почеток во 19:30 часот. Натпреварите почнуваат утре со индивидуален настап. Во четврток е екипно возење на репрезентациите и трка на ветераните. За петок е предвидено да се вози спринтот, а в сабота се финалните натпревари индивидуално и екипно.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...