КУЛТУРА

„ДА ГО ПОЗДРАВИШ И ДА МИ ГО БАЦИШ“ ВЕЧЕРВА ВО ЏЕБНО КИНО, МКЦ

Вечерва со почеток од 21. часот во џебно кино МКЦ ќе се игра претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себеостварување и соочување со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода – велат организаторите.
Во претставата играат Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска-Костовска. Режијата е на Билјана Радиноска.  Организаторите најавуваат дека претставата не е наменета за лица помлади од 16 години.  Претставата се обидува да одговори на прашањата каков треба да биде тетатарот денес; неговото место во опшетството; местото на младинците во општетсвото во кое живееме; емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното; слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“.

Плакатот за претставата е фотографска реплика од делото „Црвен Врисок“ на Ана Скјавело во соработка со Италијанката Ребека Море. Дизајнот е на Магдалена Дилевска, а монтажата на видео – на Драган Алексов. Претставата е во продикција на „Артопиа“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...