МАГАЗИН

ШВЕДСКА ПОБЕДНИК НА ЕВРОВИЗИЈА 2023 – ЛОРИН ПО ВТОРПАТ БОСОНОГА НА СЦЕНАТА УСПЕА ДА ПОБЕДИ НА ПРЕСТИЖНИОТ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР

Шведска е победник на Евровизија 2023. Лорин успеа по вторпат да победи на престижното музичко натпреварување, откако собра убедливо најмногу поени од националните жирија, но и од публиката.

На финалната вечер од Евровизија 2023 се појавија вкупно 26 финалисти – по 10 кандидати од двете полуфинални вечери, минатогодинешниот победник, Украина и претставниците на земјите од големата петорка.

Први на сцената се појавија претставничките на Австрија, Теја и Салена, со песната Who the Hell Is Edgar, а натпреварот заврши со настапот на претставничката на домаќинот Велика Британија, Мае Мулер со песната I Wrote A Song.

Годинава Македонија не учествуваше на натпреварот, а од соседството во финале влегоа Албанија, Србија, Хрватска и Словенија.

Српскиот претставник Лук Блек и вечерва, како и на полуфиналната вечер во вторникот на својата бела кошула носеше црна лента во чест на семејствата на загинатите во двете трагедии што неодамна ја погодија неговата земја.

Во рамки на годинешниот натпревар имаше голем број музички правци, најразлични костимографии и настапи.

Половина од гласовите беа од националното жири, а половина беа од публиката, која годинава освен по телефон, гласаше и онлајн. За првпат годинава беше дозволено да гласаат и земјите што не се учесници во натпреварот, а кои беа означени како „the rest of the world“, односно, остатокот од светот.

Апсолутен фаворит на националното жири беше Лорин од Шведска со песната „Tatoo“, на второ место беше Италијанецот Марко Мангони кој настапи со песната „Due Vite“, а на третото место беше Ноа Кирел од Израел со песната „Unicorn“.

Со гласовите од публиката само се потврди дека таа беше апсолутен фаворит на натпреварот, иако, претходно, атмосферата беше мошне напната и сите се прашуваа дали Лорин ќе успее да ги надмине поените што Финецот, Карија ги освои од публиката (и со кои се проби на врвот на табелата).

Инаку ова е вторпат Лорин да победи на Евровизија. Таа победи на престижниот музики натпревар и во 2012-та година, кога победи со песната Euphoria.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...