КУЛТУРА

ФИЛХАРМОНИЈА НЕ СЕ ПОВЛЕКУВА: Протести ќе има, додека не добијат конкретен одговор

Од Синдикалната организација на Филхармонија на РСМ најавуваат дека вработените од оваа институција и денеска од 13 часот ќе протестираат пред Министерството за култура бидејќи уште немале добиено конкретен одговор или решение на нивните барања новоформираниот Национален џез оркестар да не биде сместен во објектот на Филхармонија.

Тие истовремено реагираат и на бројните напади на кои се изложени претходниов период, за кој велат дека имаат цел да дефокусираат, а не да се бара решение за проблемот.

„Во овие јавни напади и понижувања на вработените и нашата институцијата, нема ништо коректно и издржано, напротив се пласира елементарна неукост и непознавање на “материјалот”, се шири говор на омраза за нашата институција, јавно се повикува на бојкот на нашите концерти… Некој свесно и оркестрирано сака да го избрише и фактот дека од самиот почеток им даваме поддршка на нашите колеги џезери и дека немаме ништо против тоа да одржуваат концерти (без никаков надомест) во објектот на Филхармонија. Ние сме против одлуката просторно да се смести уште една институција на нашата адреса“, велат од Синдикалната организација на Филхармонија.

Оттаму посочуваат дека јавноста се дезинформира преку ширење лаги и инсинуации, но велат дека тоа нема да ги поколеба.

„Ние сме сплотени како никогаш досега и ќе се бориме одлучно, со факти и аргументи против нетраспарентната одлука која Министерството за култура ја донесе зад затворени врати. Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги. Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура“, велат од културната институција.

Незадоволството на вработените во Филхармонија почна на почетокот од март кога се појави информацијата дека новоформираниот Национален џез оркестар, пробите и концертите привремено ќе ги одржува во нивниот објект. Тие тврдат дека не е возможно во објектот на Филхармонија паралелно да работат две институции.

Од Здружението на џез музичари, пак, изјавија дека ставовите на вработените во Филхармонија се неоправдани и неприфатливи и според нив постои можност овие две музички институции да соработуваат и функционираат заедно. Тие тврдат и дека нивната работа нема да попречи работењето на оркестарот на Филхармонија.

Од Министерството за култура во повеќе наврати потенцираа дека се работи на изнаоѓање решение кое набргу ќе биде споделено со сите засегнати, посочувајќи дека тоа е ветување од министерката Костадиновска – Стојчевска искажано на неколкуте средби.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...