КУЛТУРА

СЛОБОДЕН ВЛЕЗ ЗА НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ ВО КИНОТЕКА

Во Кинотека на Македонија од денес па се до 21 мај ќе се случува недела на италијански филм каде што ќе се прикажуваат италијански филмови. Годинашната тема се бајки, и изборот е навистина одличен од врвни филмски остварувања. Денес ќе се прикажува филмот Пинокио, поточно неговата екранизација од 2018 година, вторникот е резервиран за Среќниот Лазар, во среда ќе се прикажуваат Мрачните приказни, четвртокот на репертоар е Фамозниот напад на мечките од Сицилија, работен по книга од Дино Буцати. Филм на Роберто Бенини од 1984 ќе се прикажува во петок – Ни преостанува да плачеме, а за време на викендот, сабота – Љубов и џган и недела – Freaks out.

Влезот е бесплатен за сите проекции и сите проекции се со почеток од 20 часот.

Оваа филмска недела се организира во соработка со Амбасадата на Италија и Институтот за италијанска култура во Скопје.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...