АКТУЕЛНО

ПОРАДИ РЕНОВИРАЊЕ: Пациентите од Клиниката за психијатрија ќе се лекуваат во ГОБ „8 Септември“

За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети.

Од денес пациентите од Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје ќе се преупатуваат за лекување и хоспитализација во две други здравствени установи – Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, за што овие установи имаат доволно капацитети.

Временото пренасочување на болните е поради почеток на реновирање на објектот преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство.

Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8-ми Септември“-Скопје, а амбулантата за детска и адлесцентна психијатрија ќе функционира во склоп на Заводот за ментално здравје „Младост“-Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...

АКТУЕЛНО

Се разубавува дворот на училиштето „Никола Карев“ во Карпош

Во средното училиште “Никола Карев“ во општина Карпош, во рамките на проектот,...