АКТУЕЛНО

НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕРМАТОЛОГИЈА: Пациентите со Хередитарен Ангиоедем добија реновиран центар за лекување

Хередитарен ангиоедем (ХАЕ) е ретка генетска болест, која се манифестира со ненадејна појава на отоци насекаде по телото. Болеста не се лекува, но постоечката терапија им помага на пациентите да ги намалат отоците, бидејќи тие може да се јават надворешно, но и внатрешно во организмот, во стомакот, во грлото и дишните патишта и пациентот да почине.

Денес во рамките на ЈЗУ УК за Дерматологија пуштена е во употреба реновираната просторија на ACARE ХАЕ Центарот Северна Македонија.

Овој центар под раководство на проф. д-р Весна Гривчева-Пановска овозможува современа дијагностика и лекување на пациентите со Хередитарен Ангиоедем во земјава, како и консултации и едукација на пациентите и нивните семејства.

Во рамки на редовната работа на Центарот се врши едукација на специјализантите и специјалисти по дерматовенерологија за оваа ретка, генетски условена, животозагрозувачка болест.

Една од целите на ACARE ХАЕ Центарот Северна Македонија е воспоставување и надградба на современите стандарди на лекување на сите пациенти со Хередитарен Ангиоедем во нашата земја.

Под раководство на проф. Гривчева-Пановска ACARE ХАЕ Центарот Северна Македонија активно учествува во многубројни  истражувања од областа на Хередитарниот Ангиоедем, со што пациентите со Хередитарен Ангиоедем имаат пристап до најсовремената терапија за лекување на нивната болест.

ACARE ХАЕ Центарот Северна Македонија е акредитиран од Светската алерголошка асоцијација WAO како и од Европската Академија за алергологија и клиничка имунологија  EAACI за Center of Reference and Excellence за лекување на Хередитарниот Ангиоедем.

Акредитацијата на ACARE ХАЕ Центарот Северна Македонија е поддржана и од Меѓународната Асоцијација на пациенти со Хередитарен Ангиоедем HAEi.

Хередитарен ангиоедем (ХАЕ) е ретка генетска болест, која се манифестира со ненадејна појава на отоци насекаде по телото. Болеста не се лекува, но постоечката терапија им помага на пациентите да ги намалат отоците, бидејќи тие може да се јават надворешно, но и внатрешно во организмот, во стомакот, во грлото и дишните патишта и пациентот да почине.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...