КУЛТУРА

Второ издание на Фестивалот на монодрамата „Бранко Ѓорчев“

Претставата „Брачна комедија“, во режија на Иван Томашевиќ, на театарот „Сцена маска“ ја доби наградата за најдобра претстава на второто издание на Фестивалот на монодрамата „Бранко Ѓорчев“ што синоќа заврши во Неготино. Наградата ја доби поради „прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката“, стои во образложението на жири-комисијата во состав: Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим.

Наградата „Бранко Ѓорчев“ за најдобра партнерска игра им се доделува на Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, за улогите во претставaта „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, „заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема“.

Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ја доби Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски, „заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра“.

Наградата за најдобра машка улога ја доби Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта „Беба“, „заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...