АКТУЕЛНО

Уметничките огласници Арсовска ги стави да бидат барикади на затворениот мост „Беласица“

Бетонските огласници со улична уметност кои ги разубавуваа тротоарите долж булеварот Партизански одреди, од вчера служат како барикади на затворениот мост “Беласица“. По налог на Град Скопје тие се земени и однесени на мостот и стојат легнати за да се блокира пристапот на него.

Бетонските огласници со улична уметност беа поставени на тротоарите на булеварот Партизански одреди пред 5 години, со цел да се оплеменат тротоарите кои дотогаш беа блокирани со паркирани коли.

Уметничките бетонски огласници ги разубавуваат тротоарите на булеварот Партизански одреди.

Мостот „Беласица“ се запали во четвртокот околу полноќ и оттогаш е целосно затворен. Забрането е движење не само за возила туку и за пешаци. Дали и кога ќе се пушти во употреба треба да каже Град Скопје откако ќе биде утврдено колкаво е оштетувањето и дали преминот е безбеден.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...