АКТУЕЛНО

Пријавете хаварисано возило, екипи од „Паркинзи Центар“ бесплатно ќе го земат

ЈП „Паркинзи Општина Центар“ отвори телефонска линија 076 35- 767 на која сопствениците на хаварисани возила ќе можат да ги пријавуваат своите автомобили. Линијата е отворена како дел од кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со цел да се ослободат паркинг местата и јавните површини од хаварисани и напуштени возила и приколки.

Ваквите возила, со согланост на сопственикот, ПОЦ бесплатно ќе ги подигне и однесе до локациите на некоја од членките на асоцијацијата на територија на Скопје лиценцирани за откуп и третман на хаварисани возила. Потоа возилото се сече на делови како секундарен материјал, при што продолжува во процесот на рециклажа. Надоместокот извршен од откупот на железото согласно ценовникот на одбраната компанија во целост оди на сопствениците на возилата.

За таа цел директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски и претседателот на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската Комора на Македонија, Владо Момировски потпишаа меморандум за соработка со кој двете страни се обврзаа заеднички да соработуваат и делуваат во насока на преземање и натамошна рециклажа на хаварисаните и напуштени возила од територијата на Општина Центар, како и други видови на соработка во областа на рециклирањето и циркуларната економија.

Оваа соработка е во насока на подобрување на редот во паркирањето и зголемување на капацитетите на слободни паркинг места, но и воспоставување на долгорочно партнество со цел задоволување на потребите на корисниците и жителите на Центар.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...