АКТУЕЛНО

Почнаа да се рентаат тротинети, ама не се знае колку чини еден час возење

ЈП „Градски паркинг“ преку својот Фејсбук профил соопшти дека во Скопје од петокот почнало изнајмување на електрични тротинети. Колку чини еден час рентање и како ќе функционира проектот не се знае бидејќи во објавата нема никакви детали, а новинари на промоцијата не беа поканети.

„Денеска почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот на ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје. Сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час.
Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот“, стои на Фејсбук страната на „Градски паркинг“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Лицата со попреченост може да поднесуваат барања за повластено користење на јавниот превоз

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со...

АКТУЕЛНО

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош купи седум електрични тротинети за потребите на вработените

Општина Карпош, со издвоени средства од Буџетот набави седум нови електрични тротинети...

АКТУЕЛНО

Жирафата Флопи угинала како последица на малиген тумор на црниот дроб и метастази во белите дробови

По добиените официјални резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на жирафата Флопи,...