СЦЕНА

Громогласен аплауз за „Кафез кај кокони“, претстава која зборува за слободата на избор на сексуалната определба

По претпремиерата и премиерата на новата театарска претстава „Кафез кај кокони“ публиката презадоволна од одиграната претстава и токму затоа со громогласен аплауз ги испрати глумците од сцена.

Два и пол часа урнебесна смеа, танцување, неверојатни костими, една плејада од актери кои потполно се соживеаа со нивните улоги глумејќи жени што на моменти публиката заборави дека не се вистински жени. Хумор, убава енергија, синхронизација на сцената, сценските движења доведени до совршенство, бојата на гласот максимално извежбана да звучат како жени, сигурен од на потпетици што и за вистинска жена е реткост.

Толку добро имаат проникнато во улогите што свичот на крајот од претстава кога излегоа сите актери на сцената да се поклонат ги остави без зборови публиката, на крајот сфаќајќи дека се работи за мажи баш мажи кои толку добро се внесоа во улога на жени.

Фабулата на приказната исто така актуелна за секое време иако оригиналната приказна е напишана пред неколку десетици години. Никогаш немој да се преправаш нешто што не си, бидејќи вистината секогаш го наоѓа патот. Живеејќи во време на лажни вредности и глумење лажни профили, ова доаѓа како вистински шамар за нашето општество, живеејќи во разни табуа кога се работи за сексуална определба.

Многу комично задира во теми кои опфаќаат слобода на избор на сексуална определба, симпатично сместувајќи го дејствието во романтичното Сен Тропе на југот од Франција во едно кабаре каде мажи играат облечени како жени.

Костимите специјално направени за оваа претстава дишат со една префинетост и елеганција која на моменти делува и малку провокативно заради голотијата, транспарентоста на материјалите и припиеноста до телото. И покрај сето тоа, тие успеваат и да бидат толку многу комични што публиката на неколку пати во текот на претставата им даваше громогласен аплауз наградувајќи ја со тоа нивната драмска игра.

Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија обработува многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет.

И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност.

Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата на Драмски театар Скопје „Кафез кај кокони“, сака да ви прикаже дека педесет години потоа, овие прашања се’ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...