КУЛТУРА

Конзерваторските центри од Скопје и Сараево потпишаа меморандум за соработка

Националната установа Конзерваторски центар – Скопје и Кантоналниот завод за заштита на културното, историското и природното наследство од Сараево денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на заштитата и промоцијата на културно-историското наследство на Република Македонија и на Босна и Херцеговина.

Константин Димитровски, в. д. директорот на Конзерваторскиот центар од Скопје, и Борис Трапара, директор на Заводот од Сараево, во присуство на членот на кабинетот на министерката за култура, Оливера Ливриниќ, изразија задоволство од  потпишувањето на Меморандумот за соработка, кој е резултат на интересот и подготвеноста за започнување соработка во областа на промоцијата и зачувувањето на традицијата, културата и универзалните вредности на културно-историското наследство.

Со потпишувањето на Меморандумот се поттикнува директна соработка и размена на експерти и информации меѓу двете сродни институции, како и воспоставување непосредни контакти во областа на музеологијата, археологијата, етнологијата, историјата, архитектурата и историјата на уметноста. Исто така, ќе се овозможи размена на искуства преку спроведување заеднички активности, како: изложби, промоции, манифестации, настани, јавни трибини и други настани.

Конзерваторскиот центар и Заводот, со цел промоција на културно-историското и природното наследство, ќе партипицираат и во изработка на заеднички публикации, организирање заеднички изложби и други заеднички активности од областа на музеологијата и заштитата на културното наследство.

Денешното потпишување на Меморандумот за соработка, според двајцата директори, ќе послужи како општа рамка за институционална соработка и ќе овозможи понатамошно разгледување и развивање специфични програми за соработка од заемен интерес.

На крајот, гостите од Сараево се запознаа со дел од културното наследство од Скопскиот Регион.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...