Европската куќа во Скопје, Денот на Европа ќе го одбележи во сабота од 12 до 17 часот со пикник во парк шумата „Гази Баба“.
Во рамките на одбележувањети се предвидени повеќе активности меѓу кои: многу музика со настап на познати музички групи и DK Double G, изложба на ендемичните видови во земјата и во парк шумата „Гази Баба“, едукативни прошетки низ парк-шумата „Гази Баба“ во рамките на зеленото катче, потоа многу спорт, Europe day-трката, игри без граници, фризби итн, детска работилница за глина, коропластичарска уметност –играчки и фигурини во античка Грција (со уметникот Атанасиос Кацарас од Грција), како и детска креативна работилница „Пикник“ (сликање на големо платно).
Leave a comment