АКТУЕЛНО

Приведени две лица кои на диво граделе паркинг во поликлиниката „Бит Пазар“

Приведени се две лица кои со багер влегле во дворот на поликлиниката „Бит Пазар“ и на диво почнале да градат паркинг. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека случајот бил пријавен синоќа, по 19 часот, а полицијата веднаш реагирала. По наредба на јавен обвинител одземена е градежната машина, а кривичната пријава против двете лица веќе се процесуира и ќе оди по брза постапка.

„Никој не може да ја нарушува сопственоста, независно дали се работи за државна или приватна. Пријавено е во полиција, излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одземена градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“.

Според него, очигледно е дека со рушење на дел од оградата, лицата сакале да узурпираат градежно земјите.

„Затоа се покренува кривична постапка за две дела: узурпација и нелегална градба. Полицијата изреагира веднаш и одземена е градежната машина. Ова е силна порака од државата дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост. Ирелевантно кој е, кој сака нека биде, тоа не може да го прави и ќе сноси одговорност“, рече Спасовски.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...