АКТУЕЛНО

ПО НАЛОГ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР: „Буши“ почна да ја чисти депонијата кај поранешен “Технометал-Вардар“

Фирмата „Буши фешн“ кончено почна да ја чисти депонијата кај зградата на поранешен „Технометал-Вардар“ која цела година се трупа. Од Општина Центар денес информираат дека фирмата почнала да постапува по нивниот налог.

„Општина Центар неколкупати досега го казни сопственикот по што му наложи самостојно да ја расчисти депонијата и секојдневно да ја одржува хигиената.Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во февруари преку Решение го задолжи сопственикот да исчисти и постапи во законски предвиден рок. Решението за расчистување секторот го издаде поради спречување на создавање на еколошка катастрофа предизвикана од секојдневно собирање купишта отпад создаден од кршење на инвентарот и екстериерот на огромната бетонска зграда“, велат од Општина Центар.

Минатата година во овој објект избувна пожар, а неколкупати досега жителите од околните згради пријавуваат и кражби.

Општина Центар најавува дека Секторот за инспекциски работи и во наредниот период ќе продолжи со инспекциски контроли преку инспекцијата за животна средина за да не се повтори грдата слика и нарушувањето на мирот на станарите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...