СЦЕНА

ДЕНЕС ВО КАФЕ-КНИЖАРНИЦАТА БУКВА: Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова

Во кафе книжарницата „Буква“ во Скопје, денес со почеток во 20 часот, младата поетеса Марија Велинова ќе ја промовира стихозбирката „Омарнина што омалаксува“.

Марија Велинова  родена во 2003 година во Штип, е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Кирил и  Методиј во Скопје. Авторка е на стихозбирките „Разговорите што не можевме да ги имаме“ (2021) и „Омарнина што омалаксува“ (2023).

Таа во 2022 година ја претставуваше Македонија на Интернационалната филозофска олимпијада во Лисабон. Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“.

Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“, како и на повеќе поетски читања, меѓу кои: „Отскочна даска“, „Поетска епизода“ и „Добри гости“ а нејзини песни се препеани и на српски јазик.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...